„На Новак му беше извршен атентат со 50 куршуми директно во гради!“
Тој беше максимално револтиран по одбивањето на жалбата за поништување на визата од страна на федералниот суд, по што имаше ептен остра објава на Инстаграм.
„Со ова, заврши обидот за атентат врз најдобриот светски спортист и тоа со 50 куршуми во градите на Новак. Но и покрај тоа, тој му даде поддршка на младиот 17-годишен тенисер кој ќе го замени. Ете, тоа е нашиот Ноле, човек, брат. Се гледаме во Париз (алудирајќи на Ролан Гарос-н.з.)“, напиша Срѓан Ѓоковиќ.
Најдобриот светски тенисер доби налог уште вечерва по австралиско време да ја напушти државата и тоа без можност да преспие по исцрпувачкиот ден во судот и пеколната недела во која двапати му беше поништувана визата.