„На Ѓоковиќ му е загрозена кариерата, мислам дека нема да освои нови гренслем-титули“
Многу познати спортисти ја коментираа одлуката на судот, а своја изјава кажа и Матс Виландер.
„Изненаден сум и шокиран, но во исто време и изморен поради тоа што се случуваше во претходните денови. Морам да му дадам признание на Ѓоковиќ кој даде сè од себе за да остане и да игра на Австралијан опен. Меѓутоа сметам дека судот донесе праведна одлука, зашто милиони луѓе починаа од коронавирус ширум светот“, вели Виландер.
Поранешниот шведски тенисер кажа и дека Србинот може да остане без нови гренслем-титули.
„Судијата мора да разбере дека можеби ја промени историјата на тенисот. Не можам ниту да замислам во каква состојба е Новак. Ова е негов омилен турнир, го освои девет пати и ја бркаше 21. гренслем-титула во кариерата. Според мене постои шанса сите тројца да ги завршат кариерите со по 20 гренслем-титули“, кажа Швеѓанецот.