Младите девојки покажаа како се игра пинг - понг на светско ниво (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Повеќе од 100 млади пингпонгари од 18 држави, во следните два дена ќе бидат дел од натпреварите на меѓународниот челинџ-турнир во пинг-понг во јуниорска и кадетска конкуренција, кој во организација на Пингпонг-федерацијата на Македонија, а под покровителство, пак, на Светската пингпонг-федерација, се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

И како што следува, по машкиот дел, своите натпревари ги одиграа и девојките.