Медведев убедливо до полуфинале во Дубаи – брка историско остварување!

Рускиот тенисер, Данил Медведев, е на добар пат да ја одбрани титулата на турнирот во Дубаи, откако во денешното четврт-финале убедливо го совлада Алехандро Давидович Фокина (6-2, 6-3).

Натпреварот беше изедначен до петтиот гем, кога четвртиот играч на планетата го направи првиот брејк. До крајот на сетот уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот и дојде на чекор од триумф. Шпанецот серијата на Данил од осум освоени гема по ред ја прекина дури во петтиот гем од вториот сет, кога се запиша на семафорот и тоа со одземање на сервисот на московјанецот. Русинот без проблем ја одржуваше предноста до крајот и на крајот славеше по 80 минути игра.

Медведев во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Хуберт Хуркач (Полска) и Иго Амбер (Франција). Треба да се напомене дека рускиот тенисер никогаш досега во кариерата не успеал да одбрани пехар на некој турнир, поради што и тоа како го посакува успехот во Дубаи.