
Медведев против Зверев во второто полуфинале на турнирот во Пекинг (ВИДЕО)
Медведев, кој е втор носител, за нешто повеќе од два часа игра го скрши отпорот на францускиот тенисер Уго Умбер (6-4, 3-6, 6-1). Сличен меч за речиси идентично време одигра и Зверев, кој, пак, беше подобар од Чилеанецот Никола Јари (6-1, 6-7, 6-4).
Полуфиналните пресметки во Пекинг се играат утре.