Медведев немаше милост за Рамос на стартот на турнирот во Астана

Рускиот тенисер Данил Медведев имаше успешен старт на турнирот во Астана и славеше против Алберт Рамос со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-1.

Медведев направи брејк уште на стартот на мечот (1-0), по што Рамос не покажа доволно квалитет за да се врати резултатски во дуелот, а Русинот со уште еден брејк го доби првиот сет со 6-3.

Русинот немаше воопшто милост за Рамос во вториот сет, кога повторно направи два брејка и му дозволи на ривалот да освои само еден гем за конечни 6-1.