Медведев ги искористи здравствените проблеми на Синер и го елиминира од Вимблдон!
Италијанецот во третиот сет речиси колабираше на теренот, поради што веднаш реагираа лекарите, кои откако му ја измерија сатурацијата го испратија во соблекувалната каде што му укажаа 15-минутна помош. Тој го продолжи мечот, експресно го доби четвртиот сет, но снема сили во решавачките моменти, што Русинот максимално го искористи за пласман во полуфиналето.
Медведев, со ова делумно му се одмазди на Синер за петте порази во низа во меѓусебните пресметки, во битка за пласман во финалето ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Американецот Томи Пол.