Македонските тенисери поразени од Молдавија во Дејвис Купот

Македонија беше поразена со 1-2 од домаќинот Молдавија во првиот натпревар во Кишињев во Третата Европска група од Дејвис Купот.

Калин Ивановски ја отвори серијата на најдобар можен начин, односно победа против Иља Снитари со 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-1).

Олег Приходко водеше голема борба против Раду Албот и го доби првиот сет во тај-брејк со 10-8 за водство на Македонија, но во следниот побара медицинска помош поради проблеми со грчеви. Тоа го искористи Албот и го доби вториот сет со 7-5, а во третиот Приходко мораше да се предаде.

Натпреварот во двојки тргна добро за Македонија затоа што Ивановски и Приходко имаа предност, но набрзо Раду и Снитари заиграа подобро, а проблемите на Приходко продолжија и македонската селекција мораше да го предаде мечот.

Фото: МТФТ