Македонката Анета Павловска ќе им суди на најдобрите тенисери во Париз

Македонската судијка Анета Павловска по враќањето од Лондон каде што беше дел од Вимблдон се насочува кон нов предизвик.

Павловска која има богата кариера зад себе по вторпат ќе суди на едни Олимписки игри. 

„На еден натпревар од повисока категорија судат седум или девет линиски судии, а само еден главен. Одговорноста се знае дека е поголема на главниот судија. Тој е „диригентот на оркестарот на терен“. Линискиот судија е одговорен за делигираната линија на мечот (може секој меч да биде различна линија), а главниот за цела динамика на мечот и за сите одлуки генерално, вели Павловска.

Во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос во 2023 година во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023, на Олимпијадата во Токио и на параолимпијадата во Рио де Жанеиро.