Коко Гоф ја освои титулата на завршниот ВТА турнир
Во мечот за титулата, таа ја победи Чинвен Џен од Кина со 2-1 (3-6, 6-4, 7-6) за нешто повеќе од три часа игра и првпат во кариерата стигне до трофејот на ова натпреварување. Меѓу другото, со 20 години стана втора најмлада тенисерка по Марија Шарапова во 2004 (17 години) која триумфирала на завршниот ВТА турнир.
Со освојувањето на трофејот во Ријад, Гоф заработи 4,8 милиони долари што е највисока награда во историјата на женскиот тенис.