Кирјос уште еднаш покажа колку не го сака Ѓоковиќ: Роџер те молам победи!

Ник Кирјос испадна во 2.коло на Вимблдон откако со 3-1 загуби од Рафаел Надал. Австралиецот е контраверзен како и секогаш, а по мечот имаше да каже неколку интересни работи за Шпанецот. 

Тој долго време дава изјави и против Новак Ѓоковиќ, па така и неговиот последен „твит“ е наменет кон српскиот тенисер.

„Роџер те молам победи“, напиша кратко утринава Кирјос.

Денеска од 15 часот се игра големото финале на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер и јасно е за кого ќе навива Кирјос.