Кирјос: Тренерот ме влечеше во четири часот наутро за да играм против Надал

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос би можел да добие казна на Вимблдон затоа што ги прекрши правилата пред и по мечот против Брендон Накашима во осминафиналето.

Кирјос пред дуелот излезе во црвени патики на теренот, а по дуелот имаше и црвена капа со што ги прекрши правилата на Вимблдон и не носеше ништо бело.

Контроверзниот тенисер на прес-конференцијата откри еден интересен момент од пред неколку години.

„Тренерот ме влечеше од паб во четири наутро за да играм против Надал. Тој мораше да дојде во пабот и да ме извлече од таму, затоа што следниот ден требаше да излезам на Централниот терен на Вимблдон. Меѓутоа, многу напредував во последните години и мислам дека влијание на тоа имаше мојата дневна рутина и луѓето кои се околу мене“, кажа Кирјос.