Австралискиот тенисер Ник Кирјос реши на емотивен начин да се прости до Енди Мареј, кој кажа дека Австралијан Опен би можел да му биде последен турнир во кариерата.
Кирјос е познат како тенисер, кој често прави глупости на терените и се наоѓа во центар на внимание поради своето однесување, но со пораката за Мареј го покажа и своето второ лице.
„Енди, знам дека ме гледаш како шегаџија, но барем случни ме што имам да кажам, стар пријателе. Ти секогаш ќе бидеш некој кој влијаел на овој спорт на многу различни начини. Знам дека ова не беше начин, на кој сакаше да заврши тоа, но беше лудо. Ти си еден луд тенисер, километри далеку пред моето ниво, но сакам да знаеш дека денеска не е тажен ден за тебе и твојот дом, туку за целиот спорт и на секој на кого си имал влијание. Среќно на Австралијан Опен, ја имаш мојата поддршка“, напиша Кирјос.