Кирјос го уништи Крајиновиќ во второто коло на Вимблдон

Српскиот тенисер Филип Крајиновиќ загуби со 0-3 во сетови, односно 2-6, 3-6 и 1-6 од Ник Кирјос во второто коло на Вимблдон.

Кирјос беше фаворит во мечот, а немаше ниту голем отпор од страна на Србинот, кој не најде решение за сервисот на контроверзниот тенисер.

Австралискиот тенисер со грчко потекло во следното коло ќе игра против подобриот од мечот меѓу Стефанос Циципас и Џордан Томпсон.