Кирјос доби жестока казна поради пцуење судија и кршење рекет во Мајами (ВИДЕО)

Тенисерот од Австралија со грчко потекло, Ник Кирјос беше казнет со 47.000 долари поради непримерно однесување на Мастерсот во Мајами во средбата против Јаник Синер.

АТП ја потврди својата одлука, а Кирјос овој удар по џеб го доби откако реши да го скрши рекетот за време на мечот и да се искара со Карлос Бернардес.

Разговорот меѓу двата сета траеше подолго, а Кирјос во еден момент го опцу судијата и го праша дали е нормален, по што продолжи во ист ритам додека не реши да го искрши рекетот.