Јанев го загуби првиот поен против Летонија, но Ивановски веднаш возврати!

Македонските тенисери денеска се соочуваат со Летонија во Дејвис Купот, а најпрво на теренот излезе Кристијан Јанев, кој загуби од Рихардс Неиманис со 0-2 во сетови, по што Калин Ивановски славеше против Артурс Загарс со 2-0.

Јанев се покажа во солидно светло, меѓу немаше решение против расположениот Неиманис кој го доби првиот сет со 6-3, а во вториот славеше со идентичен резултат за прв поен за Летонија.

Ивановски веднаш го возврати ударот, па со 6-3 и 6-4 го совлада Загарс за поен за Македонија и израмнување против Летонија (1-1).

Победникот ќе се решава во дуелот во двојки, каде што Ивановски и Мицов ќе се соочат против Озолинс и Валеинис.