Иванишевиќ: Кога ќе те повика Ѓоковиќ, тоа е исто како да те бара - Реал Мадрид!

Горан Иванишевиќ на Вимблдон ќе му се приклучи на тренерскиот тим на Новак Ѓоковиќ. А легендарниот хрватски тенисер најверојатно ќе остане во тимот на Србинот и по гренслем-турнирот.

Иванишевиќ кажа дека едноставно не можел да ја одбие понудата на Ѓоковиќ, па направи интересна споредба.

„Кога ќе те повика Ѓоковиќ, тоа е исто како да те вика Реал Мадрид. Тешко е да се каже не. За жал, не успеав да ги одложам сите договори, кои ги имав од претходно, па ќе останам со него во Вимблдон само една недела. Но нема врска, тој е професоналец. Ќе ми биде тешко да заминам, но се надевам дека нема да остане само на ова и дека оваа соработка ќе продолжи“, вели Иванишевиќ.