Италијанец ќе го замени Ѓоковиќ на Австралијан опен: Жал ми е за Ноле!
Карузо е свесен за начинот на кој добил шанса да заигра на првиот гренслем-турнир годинава, па вели дека му е жал што Ноле нема да настапи во Австралија.
„Се најдов во чудна ситуација. Како и сите тенисери, сакам да имам добар турнир и ќе дадам сè од зебе за да остварам добар резултат. Не ги следев сите случувања на Ѓоковиќ, но многу ми е жал што не може да игра, иако тоа мене ми донесе среќа да настапам во главниот дел од турнирот“, вели Италијанецот.