Хрватката Дона Векиќ влезе во историјата на тенисот поради – коронавирусот!

Хрватската тенисерка Дона Векиќ испиша нова страница во историјата на светскиот тенис, откако денеска со 6-1, 6-2 ја совлада Аранџа Рус (Холандија) на стартот од ВТА-турнирот во Палермо, прв по пет месечната пауза поради пандемијата со коронавирусот.

Мечот траеше 75 минути, со максимална доминација на 24. тенисерка во светот, која направи шест „брејка“, а спаси три од четири топки кои противничката ги имаше за да ѝ го одземе сервисот.

Векиќ во следното коло ќе игра со подобрата од дуелот помеѓо Полона Херцог (Словенија) и домашната тенисерка Елисабете Кокјарето. Улогата на прва носителка на турнирот во Палермо ја има нејзината сонародничка, Петра Мартич, која е 15. на ВТА-листата.

Натпреварите, разбирливо, се играат без публика и според специјални корона-протоколи.