Големи овации за Надал од публиката во Барселона (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал конечно се врати на тениските терени и заигра во Барселона, а тоа е негов прв турнир на земјен турнир по Ролан Гарос во 2022 година.

„Кралот на земјата“ често беше надвор од терените поради повреди, а оваа година настапи во Бризбејн на почетокот на јануари и за краток период беше елиминиран.