Ѓорческа со пресврт се избори за четвртфинале во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-3 против Србинката Миа Ристиќ за пласман во четвртфинале во Куршумлиска Бања.

Ѓорческа лошо го почна натпреварот, а то го искористи Ристиќ која набрзо направи брејк на противнички сервис и го доби сетот со 6-3.

Македонската тенисерка се врати во следниот сет во кој доминираше и го доби со 6-2, додека во третиот сет следеше израмнета борба до 3-3, по што Ѓорческа освои три гема по ред за конечни 6-3.