Ѓорческа пропушти меч-топка, па загуби на стартот на турнирот во Загреб
Ѓорческа имаше фантастичен почеток на натпреварот и го освои првиот сет со убедливи 6-1, додека во вториот водеше со 5-3 во сетови и имаше меч-топка, но не ја искористи, по што нејзината противничка го освои сетот со 7-5.
Третиот сет од натпреварот понуди голема борба меѓу двете тенисерки, а на крајот се радуваше Русинката со 6-4.