Ѓорческа по три сета и епска борба остана без нов трофеј во Грција!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да врзе две победа во две недели на фјучерс-турнири во грчкиот град Ираклион, откако по победата во финалето минатата недела денеска загуби во дуелот за трофејот против Русинката Екатерина Макарова (1-2).

Тоа беше пораз по огромна борба во три сета, во кои секој носеше посебна драма. Некогашната осма тенисерка на светот го доби првиот сет со 6-4, по што Лина врати со 7-5 и се избори за решавачка пресметка.

Третиот сет одново донесе епска пресметка во која Македонката поведе со 5-1, но одеднаш како да престана да игра. Тоа го искористи Макарова, која во кариерата има и три ВТА титули како и пласман во полуфиналето на Австралија опен (2015) и на Ју-ес опен (2014), за огромен пресврт и конечен триумф на островот Крит.