Ѓорческа по одличните настапи во Есен и Минск напредуваше на ВТА-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа може да се пофали со успешни настапи месецов на неколку турнири, меѓу кои освои шампионски титули во двојки во Есен, Германија и Минск, Белорусија.

Ѓорческа имаше добар настап и во сингл конкуренција во Минск, кадешто успеа да стигне до полуфиналето, па благодарение на одличните реултати таа напредуваше на ВТА-листата.

Македонската тенисерка напредуваше за 37 позиции во сингл-конкуренција, па сега се наоѓа на 387 место, па сè уште е далеку од нејзиниот најдобар пласман (170. место). Од друга страна, таа напредуваше и во конкуренција на двојки, па сега се наоѓа на 547. позиција.

Ѓорческа во следниот период ја очекуваат предизвици во Шведска, кадешто ќе настапи во сингл и во конкуренција на двојки.