Ѓорческа и Тајхман обезбедија полуфинале на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со нејзината колешка Џил Тајхман триумфираа против Карлина Кубанова и Анета Лабоуткова со 2-1 во сетови на турнирот во Љубљана, Словенија.

Ѓорческа и Тајхман го загубија првиот сет со 2-6, додека во вториот по голема борба и тај-брејк триумфираа со 7-5.

Македонската тенисерка и нејзината партнерка потоа со 10-5 ја обезбедија победата и се пласираа во полуфинале на турнирот во Љубљана.