Ѓорческа елиминирана во првото коло на Челинџерот во Љубљана

Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа беше поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот кој се игра во Љубљана.

Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа беше поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот кој се игра во Љубљана.

Ѓорческа не успеа да слави против осмата носителка на турнирот, Русинката Полина Кудерметова.

Од почетокот до крајот 21-годишната Кудерметова која е 164. тенисерка на ВТА листата доминираше во мечот, а на македонската претставничка и дозволи вкупно три гема.

Првиот сет Русинката го доби со 6-1, додека вториот со 6-2, мечот траеше еден час.

Ѓорческа ќе остане на турнирот во конкуренција во двојки каде што игра со Швајцарката Џил Тајхман.