
Ѓорческа елиминирана на стартот на силниот турнир во Хехинген
Првиот сет го одбележаа неколку брејкови на стартот кои ѝ дадоа предност на Ѓорческа од 5-2, но Стусек успеа да се врати во игра и со пресврт да стигне до 7-5.
Двете тенисерки во вториот сет повторно имаа проблеми на свој сервис, но Ѓорческа излезе како победник со 6-2.
Победникот се решаваше во третиот сет, каде што Ѓорческа водеше со 2-0, но потоа Стусек на идентичен начин како во првиот сет направи пресврт за 6-3.