Ѓоковиќ со класа потег ги поздрави финалистите на Ју-Ес Опен (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ беше во серија од 26-0 во 2020 година и силно грабеше кон уште една титула на Ју-Ес Опен, но еден негов непромислен потег го чинеше многу. 

 Српскиот тенисер иако не доби шанса да се бори за трофејот поради суспензијата и инцидентот со линиската судијка, спортски ги поздрави двајцата финалисти Александер Зверев и Доминик Тим. 

„Ова е суштината на спортот. Почит, благодарност и пријателство. Ви благодарам Доми и Саша што стоите цврсто зад вашите карактерни вредности и го гледате она што е најважно - љубов и почит еден кон друг. Ви чеситам на двајцата“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.