Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Хуан Пабло Вариљас со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-2 и 6-2 и избори место во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ денеска немаше никакви проблеми против тенисерот од Перу, за разлика од претходните дуели против Мартон Фучович и Алехандро Давидович-Фокина.

Србинот во четвртфинале ќе се соочи против Карен Хачанов од Русија, кој денеска славеше со 3-1 во сетови, односно 1-6, 6-4, 7-6 и 6-1 против Лоренцо Сонего.