Ѓоковиќ се откажа од Синсинати, ќе загуби 1.000 бодови!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од мастерсот во Синсинати и нема да ја брани титулата од минатата година, а тоа значи дека ќе загуби и 1.000 бодови на АТП-листата.

Ѓоковиќ реши да одмори по освоениот златен медал на Олимписките игри во Париз, а очигледно не е загрижен што ќе загуби бодови со кои ќе се оддалечи од првото место на табелата.

Следната цел на Србинот е настапо на Ју-Ес Опен, каде што ќе се обиде да го освои 25. гренслем-пехар во кариерата.