Ѓоковиќ радосно се пофали – го подобрил личниот рекорд во супер-велеслалом (ФОТО)

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, сподели слики од својот скијачки одмор во Италија, каде што пристигна со со приватен авион до Болцано, а потоа до познат скијачки центар Вал Гардена.

Дека ужива во скијањето, но и дека воопшто лош во овој спорт самиот се „пофали“ на Инстаграм, каде што објави дека го соборил личниот рекорд во супер-велеслалом. Србинот периодов го користи за физичка и психичка рехабилитација по елиминацијата од Јан Синер во полуфиналето на Австралија опен.

Негов следен тениски предизвик е мастерсот во Индијан Велс, а лидерската позиција му е загарантирана се до крајот на мај и почетокот на Ролан Гарос, каде што за најголем конкурент за трофејот, но и за првото место на АТП-листата ќе му биде Шпанецот Карлос Алкараз.