Ѓоковиќ пријавен за Олимписките игри во Париз

Олимпискиот комитет на Србија (ОКС) денеска соопшти дека Новак Ѓоковиќ е пријавен меѓу учесниците на Олимписките игри во Париз, врз основа на неговиот пласман на АТП листата.

Тој, како и Душан Лајовиќ, ги исполнува условите за настап на големата спортска манифестација, само треба да го потврди своето учество, со оглед на тоа што во моментов заздравува од операцијата по повредата, доживеана на „Ролан Гарос“. Со оглед на тоа што до Олимписките игри има уште 40-тина дена, Ѓоковиќ има доволно време да ја залечи повредата и да настапи во Париз.

Поголема неизвесност во моментов е неговиот настап на Вимблдон, со оглед на тоа што третиот Гренд слем во сезоната почнува на 1 јули. Со Ѓоковиќ и Лајовиќ, бројката на српски спортисти на Олимписките игри порасна на 96.