Ѓоковиќ преку Оже-Алијасим до полуфинале во Рим и потврда на светскиот трон!

Новак Ѓоковиќ и следниот понеделник сигурно ќе биде број еден на светската тениска АТП-листа, откако вечерва успешно ја мина четвртфиналната пречка на турнирот во Рим, совладувајќи го Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим во два сета (7-5, 6-3).

Србинот во утрешното полуфинале ќе ги одмери силите со норвешкиот тенисер Каспер Руд, кој претходно денеска го совлада Денис Шаповалов, „крвникот“ на Рафаел Надал во претходното коло. Ѓоковиќ против канадскиот ривал се мачеше во првиот сет, но одигра најдобро во клучните моменти и со брејк дојде до 1-0 во сетови.

Во продолжението до израз неговиот поголем квалитет, поради што без поголемио проблеми го приведе мечот кон мирен крај, иако можеше и многу порано до триумфот. Популарниот Ноле имаше водство 5-2, во осмиот гем пропушти меч-топка, по што во следниот ривалот му го врати брејкот и дојде до тајбрејк. Но, тука стана јасно кој е најдобар, па Србинот ептен лесно дојде до конечен триумф.

Во втората пресметка за место во финалето во Рим силите ќе ги одмерат Александар Зверев и Стефанос Циципас.