Ѓоковиќ одбројува - уште седум недели до „котата 400“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја почна 393. недела како лидер на АТП листата што значи дека му недостасуваат уште седум да ја достигне магичната бројка од 400 во својата кариера.

За да дојде до неа во 2023, сепак, ќе мора да ја заврши сезонава на првото место бидејќи крајот се совпаѓа со моментот кога Србинот би ја одбележал 400. недела на врвот. Завршниот Мастерс во Торино се игра од 12 до 19 ноември по што завршува сезоната, а седум недели од сега се навршуваат на 20 ноември. Ако успее да остане таму, Ѓоковиќ ќе добие најмалку уште десетина недели, до завршувањето на Австралија Опен.

Српскиот остана без 250 бода поради тоа што нема да учествува во Астана, но и покрај тоа разликата изнесува околу 3.000 бода. Сепак, се чини дека во моментов се зависи од Карлос Алкарас кој има пет турнири до крајот на сезоната за да го стигне Ѓоковиќ и вторпат по ред да ја заврши годината како лидер на АТП листата. Шпанецот веќе идната недела ќе биде уште поблиску до Ѓоковиќ бидејќи лани не играше во Пекинг и сите бодови што ќе ги освои таму, ќе му бидат додадени на контото.