Ѓоковиќ објави слика од повредата: Ова е за сите „експерти“ (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од полуфиналето на Австралијан опен поради повреда, по што беше обвинет дека ја лажирал повредата.

Ѓоковиќ доби свирежи од публиката, по што Александер Зверев застана во негова одбрана, а сега Србинот објави фотографија и ги „пецна“ експертите како Џон Мекинро и Борис Бекер, кои не веруваа во неговата повреда.

„Ова ќе го оставам тука за сите спортски ‘експерти’“, објави Ѓоковиќ.