„Ѓоковиќ никогаш повеќе нема да го победи Синер“

Претседателот на Тениската федерација на Италија, Анџело Бинаги очигледно е во голема еуфорија по вчерашниот триумф на Јаник Синер на Мастерсот во Шангај.

Во финалниот меч, тој го победи Новак Ѓоковиќ, трет пат по ред што предизвика големо задоволство кај Бинаги. Во такви моменти, тој се осуди да прогнозира дека Новак никогаш повеќе нема да го победи Синер.

„Ситуацијата многу се смени за една година, отсега за Новак ќе биде подвиг да го победи Јаник. Верувам дека Синер може да освои многу Гренд слем трофеи, помлад е од Ѓоковиќ 15 години и ако игра како сезонава, може да стигне до 30. Тоа веројатно е премногу, но не е исклучено да ги стигне Федерер, Надал и Ѓоковиќ“, рече, меѓу другото, Бинаги.

Синер има фантастична сезона зад себе во која досега освои седум трофеи, а има шанса за барем уште два со оглед на тоа што претстојат Мастерсите во Париз и Торино, а има уште неколку, помалку вредни турнири до крајот на годината.