„Ѓоковиќ никогаш повеќе нема да ги победи Синер и Алкараз“

И три дена по финалето на Вимблдон во кое Карлос Алкараз прилично лесно и убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ, не се смируваат страстите дури и кај оние кои не учествуваа и не го следеа во живо тој меч.

Со свое мислење се јави некогашниот шампион на „Ролан Гарос“, Адријано Паната кој е воодушевен од издаението на Алкараз, а за Ѓоковиќ смета дека го одиграл своето во тенисот.

„Ѓоковиќ дојде до финалето така што го победи Руни кој, всушност, се победи сам себе. Морам да признаам дека ме измами со нивото на игра против Музети, но сепак во финалето се забележа голема разлика. Карлос одамна покажа дека е многу силен тенисер. Што се однесува до мене, тој и Синер се израмнети на првото место, а што се однесува до Ѓоковиќ, мислам дека никогаш повеќе нема да ги победи ни Алкараз, ни Синер“, истакна Паната.

Италијанецот неодамна наполни 74 години, а најголемиот успех во кариерата го оствари со триумфот на „Ролан Гарос“ во 1976.