Ѓоковиќ не се ни испоти против Де Минар, загуби само пет гејма

Новак Ѓоковиќ експрерно го победи Австралијанецот, Алекс Де Минар со 3-0 и се пласираше меѓу осумте најдобри на Австралија опен.

Српскиот тенисер одигра моќен меч, не се пожали на повреда и лесно, без никакви проблеми го победи противникот. 

Ѓоковиќ загуби само пет гејма во овој меч, првиот сет го доби со 6-2, вториот со 6-1, третиот со 6-2.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Рубљов кој во меч со пет сета го совлада Руне.

По натпреварот Ѓоковиќ изјави дека на овој меч не ја почувствувал повредата, што е добра вест за неговите фанови.