Ѓоковиќ намерно загуби меч и израдува мало дете (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го очекува настап на турнирот во Астана, а пред да почнат возбудувањата искористи еден од тренинзите да израдува мало дете.

Ѓоковиќ посвети дел од своето време на најмалите тенисери, а на социјалните мрежи се појави видео во кое Србинот намерно загуби еден меч за да израдува едно дете.

Детенцето дојде над Ѓоковиќ и ја прослави победата, по што Србинот и останатите „прснаа“ од смеење.