Ѓоковиќ на две титули од Федерер и осум од светскиот рекодер
Со тоа Србинот се доближи на само две титули од Роџер Федерер кој ја заврши кариерата со 103 трофеи и на осум од апсолутниот рекордер Џими Конорс кој освои 109. Секако дека следната цел на Ѓоковиќ ќе биде да ги стигне нив или барем Федерер иако тоа нема да биде нималку лесно.
Во последните две години тој освои само две титули, двете во 2025 и тоа на турнири од серијата 250. Првиот во Женева во мај и вториот синоќа во Атина. На големите турнири нема шанси покрај Синер и Алкараз, но со оглед на тоа што не планира да се пензионира во блиска иднина, не е исклучено и во иднина да настапува на „помали“ турнири каде секако ќе биде меѓу фаворитите и покрај фактот што се наоѓа во 39. година од животот. Последните сезони тој главно учествуваше на Гренд слем и Мастерсите за да го сочува своето тело, но тоа се покажа како погрешна стратегија за освојување титули.
Веднаш по синоќешниот триумф во грчката престолнина, каде Ѓоковиќ стана највозразен освојувач на АТП трофеј во историјата, тој објави дека нема да учествува на завршниот турнир во Торино кој почнува вечерва.