Ѓоковиќ на 8 март ќе го надмине Федерер и ќе стане тенисер со најмногу недели на АТП

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кој вчера го освои Австралија опен и тоа беше негов 18-ти гренслем-трофеј во кариерата, очекувано останува број еден на АТП-листата и од денеска ја започна својата 309 недела како број еден, па за две седмици и официјално ќе го надмине Роџер Федерер и ќе стане број еден на сите времиња.

Федерер беше неприкосновен со 310 недели на врвот на АТП, но Ѓоковиќ веќе подолго време доминира, па на 8 март кога ќе биде новото рангирање, Србинот ќе се запише во историјата како тенисер со најмногу недели на врвот на рангирањето на сите времиња.

Поради триумфот на Австралија опен, Ѓоковиќ е сигурен на првото место најмалку до 19 април, што би значело дека бројот на недели на врвот на АТП би бил 316.

Моментно Ѓоковиќ има 12.030 бодови, пред Надал со 9.850, додека трет е Данил Медведев со 9.735, додека Доминик Тим е четврти со 9.125. Федерер е дури петти со 6.630, а топ десет ја затвараат Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Бертини.