Ѓоковиќ доби последен рок кога треба да каже дали ќе игра на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна на Вимблдон каде што имаше и тренинг, но сè уште не знае дали ќе настапи на третиот гренслем-турнир во сезоната.

Ѓоковиќ се оперираше на 5 јуни по повредата на Ролан Гарос, а во интервју за медиумите кажа дека ќе заигра на Вимблдон само ако се чувствува подготвен да го освои пехарот.

Србинот нема премногу време за размислување и конечната одлука мора да ја соопшти до петок, 28 јуни во 11 часот.