Најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија и веќе со авионот на „Емирејтс“ е на пат кон Дубаи, па на познатата интернет страница „Флај Радар“ веќе над 10.000 луѓе го следат во живо летот на тениската ѕвезда која не дови дозвола да игра на Австралија опен после 12-дневна сага.

Утрово по македонско време, федералниот суд на Австралија ја потврди одлуката за депортација на Ѓоковиќ од Австралија зашто не е вакциниран и не ги исполнил условите за влез во земјата, иако првично српската ѕвезда судски ја доби битката.

Ѓоковиќ со авионот за Дубаи полета пред безмалку час ипол, а се очекува во Дубаи да пристигне во три часот наутро, а утре попладне да биде во Белград. Летот на Ѓоковиќ од Мелбурн до Дубаи од околу 11 илјади километри ќе трае 13 часа.

Австралиските власти веднаш после пресудата на федералниот суд му наредија на Ѓоковиќ итно да се упати на аеродромот и да ја напушти Австралија.