Фриц лесно ја реши замената за Ѓоковиќ на завршниот турнир во Торино

Шестиот тенисер во светот Тејлор Фриц оствари победа од 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 против Лоренцо Музети за еден час и 43 минути игра на завршниот турнир во Торино.

Италијанецот пристигна како замена за Новак Ѓоковиќ, кој се откажа од учеството на турнирот, но немаше решение за расположениот Фриц и го загуби првиот сет со 3-6, додека во вториот даде поголем отпор, но не успеа да го надигра ривалот.

Претходно во групата А славеше и Карлос Алкараз со 2-0 во сетови против Алекс Де Минор.