Федерер во елемент - раскажа анегдота за забраната да влезе во Вимблдон (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, веќе извесно време е во играчка пензија, но и покрај тоа е интересен гостин за секој новинар, особено за водителите на шоу-емисии, каде што го „испрашуваат“ за се од неговата кариера, вклучувајќи и анегдоти кои досега не се раскажани.

Швајцарецот имаше супер-интересно учество во шоуто на комичарот Тревор Ноа, кому му откри дека пред неколку месеци не му било дозволен влез во Вимблдон, во клубот каде што има освоени осум титули. Федерер бил на лекарски преглед во Лондон и имал неколку слободни часа да „потроши“ пред враќањето дома, па сакал да испие чај во омилениот тениски клуб.

Но, обезбедувањето на едниот од влезовите не го препознало и не го пуштило бидејќи не ја носел членската карта, која автоматски ја добива со триумф на овој гренслем-турнир. Роџер морал да сврти цел круг и да влезе од друг влез, каде што, за среќа, веднаш го препознале и пуштиле.