Федерер уште верува во Новак: Ѓоковиќ ќе биде меѓу фаворитите на Австралија Опен

И покрај катастрофалните резултати оваа сезона, Роџер Федерер верува дека Новак Ѓоковиќ се уште има потенцијал да освојува Гренд слем трофеи и тоа ќе го потврди во 2025 година.

Србинот падна на четвртата позиција на АТП листата, можно е да доживее уште поголем пад, но ги оствари своите цели за оваа година.

„Ѓоковиќ уште не го кажал последниот збор. Секако ќе биде еден од главните фаворити за титулата на Австралија Опен“, смета Федерер.

Ѓоковиќ е рекордер на Гренд слемот во Мелбурн со десет титули, четири повеќе од Роџер Федерер.