Федерер: Тенисот не ми недостасува, затоа не тренирам

За разлика од Србинот Новак Ѓоковиќ и Шапнецот Рафаел Надал кои почнаа полека да се подготвуваат за продолжување на тениската сезона, Роже Федерер сè уште не го земал рекетот во раце.

Швајцарецот изјави дека не планира да тренира сè додека не се знае дали ќе започне сезоната.

Не тренирам затоа што не гледам причина за тоа. Задоволен сум од тоа како се чувствувам и мислам дека враќањето е се уште далеку. Не сакам да направам ништо со сила и искрено - не ми недостасува тенисот толку многу. Но, кога ќе се донае нешто повеќе, ќе бидам супер мотивиран за тренинзи, истакна Федерер.

Тој призна дека не може да замисли да игра на празни стадиони.

Едноставно не можам да го замислам тоа. Ние тренираме во такви услови, но тоа е различно. Се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормала. Не знам како би се чувствувал кога би играл без навивачи, додаде швајцарскиот тенисер.