Федерер се намачи со Гофан за четвртфинале во Шангај

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Шангај, откако славеше во дуелот против Белгиецот Давид Гофан со 2-0 во сетови (7-6, 6-4).

Гофан имаше голема шанса да направи сензација, сепак првиот сет при водство од 6-5 на свој сервис не успеа да искористи три сет топки, а искусниот Швајцарец сетот да го однесе во тај-брејк, а потоа и го доби со 9-7. Во вториот сет  Швајцарецот направи брејк во седмиот гејм, што беше доволно за конечна победа.

Во четвртфиналето тој ќе ги одмери силите со подобриот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и Русинот Андреј Рубљов.