„Федерер беше најголемиот непријател на Ѓоковиќ!“

Легендарниот шампион на Вимблдон, Борис Бекер, кој е и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, откри дека Роџер Федерер бил најголемиот предизвик за Србинот на лондонската трева.

„Федерер беше најголемиот непријател на Новак – знаеше да игра на трева и публиката го обожаваше. Му објаснив дека луѓето не се против него, туку за Федерер, и дека мора да најде начин да ја придобие публиката“, рече Бекер.
 
Ангажманот на Германецот во 2013 година веднаш донесе резултат – Ѓоковиќ освои две последователни титули на Вимблдон, токму во финалиња против Федерер.
 
Бекер нагласи дека токму со карактерот и менталната сила Ѓоковиќ успеал да стигне до 24 грен-слем трофеи и да го добие респектот буквално од сите.