
Екс-шампионот на Ју-Ес Опен не беше закана, Синер сигурно тргна во Пекинг
Соопственикот на четири грен-слем титули го совлада Хрватот со 2-0 во сетови (6-2, 6-2) и така одлично го стартуваше турнирот во главниот град на Кина.
Двата сета донесоа речиси идентична слика. Во првиот Чилиќ се држеше до 2-2, а потоа Синер освои четири гема во низа и поведе со 1-0 во сетови.
Во вториот сет, Синер побрзо ја најави победата бидејќи по 1-1 поведе со 5-1 и во тие моменти се беше веќе јасно. Следен ривал на Синер ќе биде Французинот, Атман.
Свој меч денеска, но во Токио играше и Карлос Алкараз кој се соочи со повреда, но сепак исто така дојде до победа од 2-0.
Фото: EPA